Денес во македонската ракометна Суперлига се одигра дербито помеѓу Вардар и Е.Пелистер.
Во почетните минути гледавме изедначен натпревар во кој се играше гол за гол, така беше до шестата минута кога Вардар почна да се „одлепува“. Од таа шеста минута, до десетата Вардар направи предност од 7:4. Одличен во тие моменти кај црвено-црнтие беше Анте Гаџа кој постигна три гола.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На половина од полувремето гостите од Битола успеаа да се вратат на само -1. (8:7).
Следните минути одново донесоа подобра игра на Вардар. Во 20 минута Дибиров пресече една контра и погоди за плус 4 (11:7). И тука Вардар не застана постигна гол и за 12:7, а Пелистер не го реализираше и следниот напад, па Вардар преку Стоилов дојде и до предност од шест гола разлика (13:7). Минуте без гол во 22. минута за гостите ја прекина Граџан. (13:8).
Со серија од 3:0 Е.Пелистер се врати на -3 на пет минути до крајот на првиот дел. (13:11).
Во тие моменти како да се менуваа двете екипи со сериите, па по таа серија од 3:0 на гостите Вардар, направија иста таква за враќање на предноста од пет гола разлика (16:11).
На полувреме се замина со резултат 17:12.
Вардар беше подобар и на стартот на второто полувреме, па после пет минути игра избраниците на Алушовски дојдоа до осум гола разлика (22:15).
Не попушташе Вардар и во следните минути, а од друга страна Е.Пелистер тргна повеќе офанзивно играа „7 на 6“ па се отвараа повеќе можности за контра. По 10 минути игра во вториот дел Вардар водеше со 27:19.
Никако успеваа гостите да се вратат во натпреварот, Вардар го диктираше темпото, па затоа во 20. минута водеше со огромни 10 гола разлика. (30:20).
Како што одминуваше времето стануваше јасно дека Вардар ќе го добие дербито, прашање беше само со каков резултат, на крајот тој гласеше.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Анте Гаџа со седум гола, Дисингер постигна шест, кај Е. Пелистер Мандалиниќ „броеше“ до 9, зад него следуваше Гарџан со седум.