Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар со убедлива победа против домаќинот го започна турнирот во Струга

Вардар со убедлива победа против домаќинот го започна турнирот во Струга

Maкедонскиот ракометен шампион РК Вардар 1961 откако вчера загуби од Еурофарм Пелистер во Суперкупот денес со победа го стартуваше 49-то издание на Струшкиот ракометен турнир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес против домаќинот Струга Вардар славеше победа со 39:26. За разлика од натпреварот против Еурофарм каде што скоро сите нови засилувања не настапија сега на теренот се појавија Кудуз, Чувара, Тото, Али Сефер…После првото полувреме беше јасно кој ќе биде победникот затоа што црвено-црните имаа предност од 21:14.

Откако се стекна повисока предност кај Вардар шанса добија помладите ракометари, но и во таква ситуација победата не беше доведена во прашања во ниту еден момент. На вардарци победија со 13 голови разлика.

Вечерва од 20:45 часот натпреварот на турнирот ќе го одиграат Тиквеш и Металург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…