Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар со две засилувања пред клучната битка во плеј-офот против Фенербахче

Вардар со две засилувања пред клучната битка во плеј-офот против Фенербахче

Шампионот, Вардар соопшти денес дека новите засилувања во тимот се Бразилецот, Итало, како и интернационалецот на Гана, Мустафа Куајнор.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што се наведува, бразилскиот напаѓач, Итало Хозе Оливиера дос Сантос со Вардар потпишал едногодишен договор.

Тој пристигна од Регатас, а порано настапувал и за Интернасионал, Паулиста, Сао Паоло, како и за португалски Маритимо.

Фудбалерот од Гана пак, Мустафа Куајнор со нашиот првак потпишал двегодишен договор, со можност на продолжување на соработката на уште една година.

Тој е играч за врска, кариерата за започна во Адана Старс од каде што замина за Кипар каде настапуваше за АЕЛ Лимасол, Алки Ларнака и Ермис, како и за австриската екипа Паско Вејл.

Овие две засилувања пристигнуваат непосредно пред клучната битка на Вардар в четврток против Фенербахче за пласман во групната фаза од Лига Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…