Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар со голема победа ја заврши групата фаза во ЛШ

Вардар со голема победа ја заврши групата фаза во ЛШ

Ракометарите на Вардар со голема победа над Елверум (39-30) ја завршија групната фаза во Лигата на шампиони.

Без разлика што се знаеше дека и пред овој меч Вардар има обезбедено осминафинале, сепак „црвено-црните“ одиграа одлично.

Вардарци до победата дојдоа со одлична игра во второто полувреме, а првото полувреме го завршија со еден гол предност (17:16).

Тимур Дибиров заврши со 7 гола, Оливие Њокас имаше 6, а неговиот брат Кевин 5 гола, додека Ерик Јохансен беше најефикасен за Елверум со осум гола.

Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Металург ја продолжува карате-традицијата со 43. меморијал за Грдановски

Меморијалот „Никола Грдановски – Нике“ в сабота ќе го има своето 43. издание во Автокоманд…