Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар се ивлекува од кризата: Црвено-црните конечно запишаа победа против Скопје

Вардар се ивлекува од кризата: Црвено-црните конечно запишаа победа против Скопје

Актуелниот македонски шампион Вардар, по низата лоши партии, конечно оствари триумф и тоа против екипата на Скопје во рамки на 14. коло од ПМФЛ.

Вардарци против Скопје славеа со 3:0 и се најде повторно на втората позиција на табелата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пред крајот на првото полувреме црвено-црните успеаа да дојдат до водечкиот погодок, по низата обиди.

Стрелец на првиот погодок во финишот на првиот дел беше Хуан Фелипе со погодок постигнат од 20. метри.

Во вториот дел, Максимов успеа да го постигне својот деби погодок, а на Вардар истовремено да му донесе зголемување на водството во 65. минута.

Во финишот на мечот, конечниот резултат го постави Џигаури во 86. минута со прецизен удар во горниот десен агол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…