После Филип Најдовски и Дарко Мицевски, најтрофејниот македонски клуб Вардар донесе уште две нови имиња за новата сезона.
Две годишен договор со Вардар потпиша бразилскиот интернационалец Виктор Нилдо Јуфо. За фудбалерот од средниот ред ова е втор предизвик во Македонија, откако беше дел од Шкендија од 2015 до 2017 година. Последен клуб му е албанскиот Фљамуртари. 25-годишниот фудбалер игра на неколку позиции од средината на теренот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Момчето родено во Австралија кое има македонско потекло Алекс Талески, стави потпис на двегодишен договор, со можност да биде продолжен на уште една. Станува збор за играч роден 17. јуни 2000 година, и игра во офанзивниот дел од средниот ред.