Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар пред Шкендија ги повикува навивачите: Дојдете на стадион!

Вардар пред Шкендија ги повикува навивачите: Дојдете на стадион!

Утре Вардар од 13:00 часот ќе го игра 60. дерби со Шкендија во кое влегува со обезбедена есенска „титула“.

Пред овој натпревар Вардар со соопштение на својот сајт ги повикува своите навивачи да дојдат на стадион.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Почитувани љубители на Вардар, сите оние кои навивате и неизмерно го сакате најтрофејниот македонски клуб, и оние неутралните.  Ве повикуваме да дојдете во недела во 13 часот на Националната Арена „Тодор Проески“, каде што Вардар го игра последниот натпревар оваа есен. Есен која ја минавме брилијантно, есен во која славиме прва позиција, а сега имаме шанса да ја зголемите бодовната разлика. 

Кога игра Вардар, се навива од срце. Да ги поздравиме момците кои заслужуваат секаква почит и честитки за освоеното прво место. Да навиваме за нив и да им покажеме дека првото место на кое ќе останеме цела зима, ни значи најмногу од се. 

Затоа сите на стадион со едно фер и коректно навивање да дадеме неизмерна поддршка на нашиот клуб. Ве молиме само тоа да биде во една одлична атмосфера, без никакви проблеми, без расизам и без штета на нашиот клуб. Момците заслужуваат само спортска поддршка. 

Билетите ќе се продаваат на билетарата на стадионот пред мечот, ќе чинат 100 денари. Ќе мора само да се покаже документ за лична идентификација при секоја набавка на влезница. 

Гостински симпатизери нема да бидат примени на трибините поради тоа што мечот е од висок ризик“, стои во соопштението објавено на официјалниот сајт на клубот.

Фото: ФК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…