Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар по 14. пат шампион на Македонија!

Вардар по 14. пат шампион на Македонија!

Вардар денес ја освои шампионската титула во македонската Суперлига 14. пат од нашето осамостојување.

Денес беше потврдено она што се реши на дербито во Битола на 20. мај, Вардар во последното коло запиша убедлива победа над Металург. Ривалот од Автокоманда Вардар го реши само после едно полувреме, второто беше само форалност. Конечниот резултат на крајот гласеше 39:27.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Металург парираше 15-тина минути, на момент водеше и со 9:8 за потоа Вардар да направи неверојатна серија од 13:0. На пауза Вардар замина со 21:10.

Треба да се спомене дека Металург беше ослабен со неиграњето на Златко Хорват кој добил хематом на десното колено.

Сега може и да се потврди дека наредната сезона Вардар ќе игра во Лигата на шампионите, Е.Пелистер во Европската лига (можат да побараат вајлд карта за ЛШ), Пролет и Металург ќе бидат дел од квалификациите за ЕЛ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Роналдо повторно казнет во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо минатата недела повторно беше исклучен во натпреварот од Суперкупот на …