Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар потпиша со еден од најталентираните црногорски ракометари!

Вардар потпиша со еден од најталентираните црногорски ракометари!

Црногорскиот кадетски репрезентативец Андреј Добрковиќ (18) е нов член на тимот на Вардар каде треба да остане во следните две сезони. Добрковиќ кој игра на позиција на среден бек доаѓа од тимот на Целје од Словенија каде досега настапуваше.

Во моментов тој се подготвува со репрезентацијата на Црна Гора за настап на кадетското ЕП што од 4 до 14 август ќе се одржи во Подгорица. Потоа ќе му се приклучи на Вардар на подготвките за новата сезона.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Добрковиќ ќе биде соиграч на Мартин Карапалевски на позицијата среден бек, а на крајот на годината нив ќе им се приклучи и Анте Гаџа кој почна да тренира по операцијата на лигаментите на коленото.

Добрковиќ е познато презиме што се поврзува за Вардар, бидејќи неговиот татко Марко Добрковиќ настапуваше една сезона во Вардар во сезоната 2005/2006.

Младиот Андреј важи за еден од најталентираните играчи во неговата генерација во Црна Гора. Од 14 години настапува во Целје каде е дел од нивната Академија која е прогласена за најдобра во Европа.

Со екипата има освојувани многу турнири и бил вицепрвак на Словенија во кадетска конкуренција и шампион во младинска конкуренција. Сите четири години бил најдобар стрелец на екипата а бил прогласуван и за најдобар стрелец на лигата

Со репрезентацијата на Црна Гора настапуваше за кадетската репрезентација на Медитерански игри во Турција каде бил најдобар стрелец и асистент на својот тим и неколкупати прогласуван за играч на натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и на…