Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар потврди: Андреев е четвртото засилување за црвено-црните!

Вардар потврди: Андреев е четвртото засилување за црвено-црните!

Како и што се најавуваше Павел Андреев (194 см. / 96 кг.) кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи е новото засилување за Вардар. Андреев кој има 29 години од 2006 година е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим.

Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со ангажирањето на Андреев одбраната на Вардар треба да биде подеднакво цврста како и досега, и тоа е играч што настапува во два правци, и во напад и во одбрана. Во сезоната 2019/20 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено 7 шампионски титули, 4 во Купот на Русија и 7 во Суперкупот.

Андреев шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, додека актуелната сезона, во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.

Андреев е четврто засилување за Вардар, по десниот бек Цехте, средниот бек Анѓелиќ и левиот бек Дуарте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Заслужено: Ријека казнета поради навредите кон Ристовски!

Дисциплинската комисија на фудбалското првенство во Хрватска денеска ги соопшти казните за…