Дома Македонски спорт Вардар носител на ждрепката за ЛШ, еден противник веќе е познат!

Вардар носител на ждрепката за ЛШ, еден противник веќе е познат!

Oткако Вардар оваа сезона стигна до втората европска круна за ждрепката во наредната сезона од Лигата на шампионите ќе биде еден од носителите заедно со Пари Сен Жермен.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


ПСЖ и Вардар ќе бидат носители на ждрепката. Поради правилото на ЕХФ клубови од иста земја да не се најдат во иста група веќе е познат еден сигурен противник на Вардар, а тоа е тимот кој минатата година ја освои Лигата на шампионите, Монпелје.

Останатите противници Вардар ќе ги дознае на 27-ми јуни кога е закажана ждрепката за групите за новата сезона.

Вториот македонски тим во Лигата на шампионите, Еурофарм се најде во четвртиот барабан и ќе игра во групите Ц и Д. Како и Вардар и Еурофарм има еден сигурен противник, а тоа е Савехоф од Шведска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Абутовиќ емотивно се збогуваше: Те сакам Македонијо!

Српскиот ракометар Илија Абутовиќ со емотивна порака се прости од Пелистер и Битола, откак…