УЕФА вчера ја објави листата на најдобри клубови во ова натпреварување, а на неа се најдоа и македонските клубови.
Вардар клубот со најдобар ранкинг и е пласиран на 146. позиција. Во рамките од ова натпреварување, Вардар одиграл 24 натпревари и има учинок од пет победи, осум нерешени натпревари и 11 порази со гол разлика 30 дадени и 40 примени.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Зад Вардар се најде Работнички кој во 14 натпревари колку што има одиграни остварил три победи, шест пати одиграл нерешено и пет пати бил поразен со гол разлика 11:10.
Тимот на Шкендија е третиот најдобро пласиран македонски клуб и се наоѓа на 255. позиција. Шкендија одиграла 10 натпревари, победила на три, еднаш одиграла нерешено и шест пати била поразена. Гол разликата на тетовци е 8:15.
На листата се најдоа уште: Силекс (343), Победа (387), Македонија Ѓ.П (474) и Ренова (483).
Комплетната листа можете да ја погледнете – тука.