Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар му одговори на Пелистер: Ние честитавме кога не победија, го очекувавме истото…

Вардар му одговори на Пелистер: Ние честитавме кога не победија, го очекувавме истото…

Вардар во изминатиот викенд го освои ракометниот Куп на Македонија кој се одигра во Охрид. Од Еурофарм Пелистер по поразот изразила незадоволство од судењето во тој натпревар.

Сега црвено-црните им одговорија со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Вардар освојувајќи го рекордниот 16. Куп трофеј во саботата уште еднаш покажа дека е ракометен и спортски бренд во Македонија. Овој нов пехар е само потврда дека со квалитетот што го поседува тимот, а составен од 90 отсто македонски играчи, може секого да победи, на било кој терен, без разлика колку некој друг се смета себе си за фаворит. И секако, кога има фер и непристрасно судење.

Би сакале да им се заблагодариме и на Охрид за гостопримството и за организацијата на оваа завршница од Купот и на нивните честитки за нашата победа, и на сите оние што ни честитаа на успехот.

Нашиот триумфот е уште позначаен зашто во финалето игравме без неколку повредени играчи, како Дејан Манасков, Велко Маркоски, Томислав Јагуриновски па и без доволно опоравениот Дарко Ѓукиќ. Игравме во Охрид, на неутрален терен, но нашиот противник во финалето имаше максимална подршка од трибините поради близината на Битола, па тие имаа и повеќе „ветер во грб“. А ние, стиснавме заби, одигравме машки, максимално мотивирани, добро ги анализиравме ривали,и уште еднаш сезонава докажавме дека сме најквалитетен тим во Македонија.

Бевме надмоќни, поквалитетни со водство во текот на целиот меч, и во полуфиналето и во финалето. Можевме и требаше на крајот да победиме и со поголема гол разлика. Ривалството што постои меѓу Вардар и другите екипи во Македонија секогаш е добредојдено и носи само квалитет во нашиот ракомет. Вардар секогаш поставува нови граници што секогаш се мотив за нашите ривали.

Сезонава двапати им честитавме на нашите ривали кои не победија во првенстото. Очекувавме и тие да го сторат истото кога Вардар ги победува. Жалбите за лошото судење се само изговор за немоќта што ја покажа во нашите меѓусебни натпревари. Сезонава Вардар многупати беше оштетуван, но ниту еднаш не се жалеше. Напротив вината за играта ја баравме во нашите редови и секогаш работевме на тоа да се подобриме. Не се навраќаме во минатото, ниту пак сакаме да го оттргнеме вниманието на нешто што се случило.

И секогаш кога сме имале фер судење сме докажале дека сме најдобри.А сигурно можеме да потенцираме многу ситуации кои биле решавачки за конечниот исход на натпреварите, па дури и во натпреварите биле од најголема важност за нас сезонава. Ама, сметаме дека така нема да ја унапредиме нашата игра. Затоа им честитаме на победниците, и правиме наша внатрешна анализа. Истото го очекуваме и од другите.

Како клуб ја подржуваме идејата на најдобрите да им судат најдобрите, без разлика дали некој ќе победи или ќе загуби. Тоа го изјавија и нашите ривали. Сепак тоа го оставаме на ракометните комисии, но и на клубовите кои треба јавно за истото да се изјаснат. Но, пред да почнат натпреварите, а не по завршување на истите. Сега сетоа ова личи да барање изговори. И секогаш кога нема да се постигнат посакуваните резултати.

Веруваме во спортското надигрување, надмудрување. Се што знаеме и умееме, сакаме, и го покажуваме на терен. Така ќе биде секогаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…