Тимот на Вардар лесно се справи со Струга во рамките од седмот около од ракометната Суперлига.
Вардарци ја добија Струга со 36:23, а неизвесноста на натпреварот беше отстранета уште во првото полувреме.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вардар отвори силно и поведе со 10:3, Струга успеа да дојде до 15:11 пред крајот на првиот дел. Сепак до крајот на паузата црвено-црните повторно додадоа гас па на пауза заминаа со 20:11.
Уште во првото полувреме тренерот Владо Недановски им даде шанса на Савревски, Ќосевски, Гогов...Со нив Вардар не само што ја одбрани предноста туку и ја зголеми. Најефикасен беше Давид Савревски со седум гола.
Фото: РК Вардар