Дома Македонски спорт Вардар има шанса како никогаш до сега, Фенербахче во големи проблеми!

Вардар има шанса како никогаш до сега, Фенербахче во големи проблеми!

Македонскиот шампион Вардар иако ја пропушти шансата против Копенхаген за влез во групната фаза во Лигата на Европа, сега има повторно нова прилика да направи вистинско европско чудо.

Како што е добро познато, Вардар во првиот натпревар против Фенербахче во Скопје славеше со 2:0 и сега пред реваншот во Турција има одлична предност.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Покрај предноста на црвено-црните, Фенербахче има и притисок поради слабите резултати во последно време. Имено, турскиот гигант во последните три официјални натпревари нема забележано победа.

Навивачите се разочарани, сезоната е на самиот старт, но натпреварот против Вардар е од исклучителна важност за клубот, но и за иднината на тренерот на Кочман.

Сепак прашање е колку е вината на тренерот, како најголеми виновници за лошите резултати турските медиуми ги посочуваа голманите, Волкан Демирел направи катастрофален кикс во натпреварот од турското првенство, додека против Вардар киксираше Камени.

Но, тоа не единствен проблем за турскиот гигант, проблем се и нападот и одбраната. Робин Ван Перси сеуште не е целосно оправен од повредата. Од друга страна одбраната на Фенербахче е исклучително ранлива тие примија по два гола на последните три натпревари.

После сето ова, јасно е Фенербахче има проблеми и притисокот е асполутно на нивна страна, Кочман се надева дека работите ќе се променат во натпреварот против Вардар, на нас ни останува да се надеваме дека тоа нема да биде така.

Вардар има одличен резултат и шанса како никогаш до сега, подобра и од онаа против Копенхаген, останаа уште 90 минути борба во кои црвено-црните мораат да го дадат максимумот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ФФМ ја одреди цената за влезниците во финалето од Купот на Македонија

Влезници за натпреварот може да се купат по цена од 200 денари преку продажната мрежа на М…