Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го напушта, но Македонија не: Гонзалес останува на кормилото на репрезентацијата

Вардар го напушта, но Македонија не: Гонзалес останува на кормилото на репрезентацијата

Француските медиуми oфицијално потврдија дека тренерот на Вардар, Раул Гонзалес на крајот од сезоната дефинитивно ја напушта клупата на македонскиот шампион и ќе го преземе ПСЖ на 1. јули 2018. година и ќе биде на клупата на парискиот тим во наредните три сезони.

Ваквата информација ја потврди и самиот Гонзалес кој истакна дека ќе остане на кормилото на македонската ракометна репрезентација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Јасно е дека сум среќен што ќе бидам во Париз од следната сезона. Не можам да кажам многу, се уште сум тренер на Вардар до крајот на сезоната. Повеќе ќе можам да коментирам за неколку недели“ – изјави Раул Гонзалез за handnews.fr.

„Останувам селектор на Македонија, ќе ги комбинирам двете функции. Имам договор со Македонија до 2020 и имам намера да го испочитувам“, заклучи шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Репрезентативците се собраа во Анталија🎥

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во Анталија, во преср…