Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го дозна распоредот за светското клупско првенство, се најавува полуфинале со Кил

Вардар го дозна распоредот за светското клупско првенство, се најавува полуфинале со Кил

Македонскиот и европски шампион Вардар на крајот на овој месец ќе учествува на Супер Глоуб турнирот кој важи за неофицијално светско првенство.

Домаќин на овој турнир е Саудиска Арабија, а денес Вардар го дозна расоредот. Црвено-црните турнирот го започнуваат од четвртфиналето и во него ќе играат против победникот од натпреварот помеѓу Ал Мудхар и Њујорк.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Без разлика кој ќе биде противникот Вардар ќе биде голем фаворит и не би требало да има проблеми да се избори за полуфинале, а таму може да се сретне со германски Кил.

Кил доби покана од организаторот на турнирот и во четвртфиналето ќе игра против Сиднеј.

Очекувањата се во полуфиналето да гледаме меч помеѓу Вардар и Кил.

За Вардар ова ќе биде второ учество на овој турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…