Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар го доведе тренерот на голманите на Египет

Вардар го доведе тренерот на голманите на Египет

Членот на златната генерација на хрватската ракометна репрезентација, Венио Лосерт (45) во иднина ќе биде нов член на стручниот штаб на Вардар1961. Тој ќе биде задолжен за работата со голманите. Доаѓа на местото на Александар Рогановиќ кој заминува поради здравствени проблеми.

Лосерт во моментов работи како тренер на голманите во репрезентацијата на Египет. Со оглед на тоа што Африканското првенство е закажано за подоцна, Лосерт доби дозвола на Египет да може во овој период да работи со клуб, и ќе му се приклучи на Давид Дејвис. Тие двајцата неколку месеци работеа заедно со репрезентацијата на Египет пред Дејвис да замине за Веспрем.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лосерт остана во Египет и продолжи да работи со Роберто Парондо со кого го освоија седмото место на последното СП што се одржа во Египет 2021 година, а претходно триумфираа и на Африканскиот Куп.

Како тренер на голмани работеше и во Веспрем во 2016 година, а тогаш беше и тренер на голманите на младинските селекции на Хрватска и на сениорскиот тим. Таа година, Хрватска го освои среброто на ЕП 2016 година во Полска.

Во богатата играчка кариера Лосерт има настапувано за екипите на Загреб, Сарагоса, Тека Сантандер, Грањолерс, Портланд Сан Антонио, Кангас, Барселона, Кретеј, Адемар Леон, Копенхаген, Кјелце и Монпелје.

„Доаѓам во Вардар и секако дека тоа е еден нов предизвик за мене. Кога работиш со клуб треба да се грижиш голманите да бидат постојано во форма и да нема осцилации. Со репрезентација се работи за одржување и подобрување на формата за пократок период. Кога Дејвис се договори со Вардар ме праша дали сум заинтересиран да му помогнам. Од Египет дозволија, и ете сум во Вардар. Го следев Вардар во ЛШ, и можам да кажам дека има добри и квалитетни голмани. Ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни. Верувам ќе имаме добри резултати“, изјави Лосерт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …