Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го доби скопското дерби, Шкендија рутински

Вардар го доби скопското дерби, Шкендија рутински

Двете првопласирани екипи на табелата во ПМФЛ Шкендија и Вардар забележаа победи во дуелите од 24-то коло.

Лидерот и актуелен шампион Шкендија рутински со 3-0 славеше на гостувањето кај Силекс, додека Вардар во градското дерби како „гостин“ го победи Работнички со 2-0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардарци иако не важеа за фаворити, сепак, успеаја да победат со головите на Цветаноски во 6-та минута, и на Фелипе во 55-та минута.

Шкендија со 0:3 и без проблеми го совлада Силекс во Кратово. Лидерот на табелата победи благодарение најпрво на автоголот на Миленковски во првиот дел, а потоа Ибраими и Муслиу ставија точка на овој триумф.

Триумф на гости оствари и екипата на Македонија Ѓорче Петров кој со 1-0 славеше кај Шкупи. Честа на домаќините ја одбрани Ренова која во најефикасниот дуел ја победи Беласица со 3-2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар се засили со нов ракометар!

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот шта…