Дома Фудбал Англија Ван Перси: Многу му должам на Венгер, со Фергусон нема споредба..

Ван Перси: Многу му должам на Венгер, со Фергусон нема споредба..

Ван Перси се одлучи да се врати во својот матичен клуб Фејнорд на почетокот на оваа година и јасно е дека тука ќе ја заврши својата кариера.

Овој искусен напаѓач, токму од Фејнорд во 2004. година премина во Арсенал каде играше осум сезони, а потоа стана предавник на „Топчиите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот 34-годишен напаѓач летото 2012. година го направи она што навивачите на Арсенал никогаш нема да му го простат, а тоа е преминувањето во Манчестер Јунајтед. Тоа пред неколку дена го направи и Алексис Санчез, но јасно е дека потегот на Ван Перси многу повеќе боли.

Иако во Манчестер Јунајтед успеа да го оствари она што го сакаше, освојување на титулата во Англија, Ван Перси призна дека за него Арсен Венгер бил подобар тренер од Алекс Фергусон.

„Арсен е за мене најдобриот тренер на светот, подобар и од Фергусон.л Поради тоа сакам и натаму да биде успешен во Арсенал бидејќи тоа и го заслужи. Се му должам нему.Тој беше клучната личност во мојот развој и поради него станав ваков фудбалер“, истакна Ван Перси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…