Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Дијк: Кого интересираат пеналите, ние поминавме понатаму

Ван Дијк: Кого интересираат пеналите, ние поминавме понатаму

Дефанзивецот на Ливерпул и најскапиот фудбалер во историјата на овој клуб, Виргил Ван Дијк даде интересен коментар по натпреварот против Рома.

Ливерпул беше поразен со 4:2 во вчерашниот реванш од полуфиналето, но поради победата од 5:2 во првиот натпревар „црвените“ обезбедија место во големото финале.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Натпреварот беше обележан со голем број грешки на главниот судија, Дамир Скомина кој пропушти да досуди два пенали за домаќинот иако за поголемиот дел од фудбалската јавност се чисти како „солза“.

По натпреварот Ван Дијк порача дека не го интересираат таквите работи.

„Кого го интересира тоа? Ние поминавме понатаму. Таков е фудбалот. Судијата носеше одлуки според своето убедување и сите ние мораме да ги прифаќаме нивните одлуки без разлика дали истите ни се допаѓаат или не“, изјави Ван Дијк.

Ливерпул на 26 мај против Реал Мадрид ќе го игра финалето во Киев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…