Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Дијк веќе играше на „Ноу Камп“, но тој резултат сигурно сака да го заборави (ВИДЕО)

Ван Дијк веќе играше на „Ноу Камп“, но тој резултат сигурно сака да го заборави (ВИДЕО)

Лигата на шампионите полека влегува во самата завршница и веќе стигнавме до полуфиналните натпревари кои се играат наредната недела.

Во полуфиналето ќе гледаме два интересни натпревари, а ќе се сретнат Барселона – Ливерпул и Ајакс – Тотенхем. Многумина веруваат дека натпреварот помеѓу Барселона и Ливерпул е финале пред финале и дека играчите на овие тимови ќе приредат вистински спектакл.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона после 2015 година успеа да дојде до полуфинале и сигурно дека не сакаат тука да запрат. Меѓутоа за противник имаат екипа која е во одлична форма и еден од главните фаворити за овој трофеј.

На „Енфилд“ најмногу стравуваат од Лионел Меси, а тоа го призна и Вирџил Ван Дијк. Иако, Холанѓанецот е еден од најдобрите дефанзивци во светот во овој момент, за многумина и најдобар изјави дека не знае како ќе го запре Аргентинецот.

Ван Дијк во кариерата веќе има искуство со играње на „Камп Ноу“. Тој гостуваше во домот на Барселона додека играше за Селтик. Тоа се случи во сезоната 2013/2014 во групната фаза кога Барселона го декласираше шкотскиот клуб со 6:1.

Холанѓанецот одигра солиден натпревар, но го доживеа еден од најтешките порази во кариерата. Нејмар на тој натпревар постигна хет-трик по еден постигнаа Пике, Педро и Кристијан Тељо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Карагер „удри“ по ѕвездата на Ливерпул: Треба да биде продаден, тој не е играч за ова ниво!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во 29. коло од англиската Премиер лига, тие…