Дома Фудбал Лига на шампиони Ван Дер Сар: Ајакс може да го победи Јувентус

Ван Дер Сар: Ајакс може да го победи Јувентус

Легендарниот холандски голман Едвин Ван Дер Сар ги изнесе своите очекувања за претстојниот натпревар во Лигата на шампионите помеѓу неговите поранешни клубови, Ајакс и Јувентус.

Ќе потсетиме, Ајакс и Јувентус ќе се сретнат во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а со оглед дека холандскиот голман своевремено бранеше за двата тима тој ја даде својата прогноза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, ќе биде на страна на Ајакс затоа што веќе неколку години во овој клуб ја извршува функцијата спортски директор.

„Ќе биде тоа интересен натпревар против Јувентус. Среќни сме затоа што сме во четвртфиналето. Игравме на високо ниво против Реал во Мадрид и се надевам дека тоа можеме да го повториме и против Јувентус во Амстердам. Тимот е полн со самодоверба и сметам дека можеме да го победиме Јувентус. Победата против Реал Мадрид ни даде голема самодоверба“, изјави поранешниот голман.

Исто така тој зборуваше и за повредатан а Роналдо. Ван Дер Сар со Роналдо еден период ја делеше соблекувалната во Манчестер Јунајтед.

„Добро го познавам Кристиано, играв со него четири години. Знам колку брзо неговото тело се опоравува и колку е силен психички. Ќе направи се за да биде спремен за настап во првиот натпревар бидејќи сака да се пласира во следната фаза, баш како и Ајакс“, изјави Ван Дер Сар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…