Дома Фудбал Останато Ван Дер Варт: Со Ибрахимовиќ не се сложувавме, во еден момент ми кажа дека ќе ми ги скрши нозете

Ван Дер Варт: Со Ибрахимовиќ не се сложувавме, во еден момент ми кажа дека ќе ми ги скрши нозете

van der vart

Човекот кој неодамна стави крај на фудбалската кариера, Рафаел Ван Дер Варт одлучи за медиумите да ја отвори душатаи да открие некои детали од својата кариера.

За почеток тој откри дека како дете живеел во камп приколка, но не затоа што родителите му биле сиромашни, туку затоа што неговите родители сакале возбудлив начин на живот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Растев во камп приколка и тоа за мене е најнормален живот. Имав прекрасно детство. Луѓето таквиот начин го поврзуваат со сиромаштија, но не е така. Моите родители повеќе не живеат во приколка бидејќи им купив куќа кога го потпишав првиот договор со Ајакс“, откри Ван Дер Варт кој потоа зборуваше и за односот со Златан Ибрахимовиќ со кој ја делеше соблекувалната во Ајакс.

Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Тотенхем порача дека со Златан никогаш немал добар однос, како и дека во една прилика добил закана од Швеѓанецот дека ќе му ги скрши нозете.

„Да, вистина е. Во една ситуација ми кажа дека ќе ми ги скрши нозете. Но, Златан тоа им го кажуваше на сите. Вистина е дека не се сложувавме, но јас попрво би работел со искрени играчи каков што е тој, па дури и ако тоа значи дека имаме и конфликти. Немаше некој посебен момент да сум имал судир со него, но едноставно не се сложувавме“, изјави пензионираниот Холанѓанец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Љоренте го праша Де Роси уште колку има до крајот, тренерот на Рома урнебесно реагираше 🎥

Екипата на Рома вчера го елиминираше Милан и се пласираше во полуфиналето на Лигата на Евр…