Дома Фудбал Останато Ван Дер Варт: Модриќ е најдобар затоа што играше со мене

Ван Дер Варт: Модриќ е најдобар затоа што играше со мене

modric

Фудбалерот кој беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија, Лука Модриќ заедно со Кристиано Роналдо и Мохамед Салах ќе се бори за наградата најдобар играч во Европа за 2018 година.

Сега за Модриќ и неговите квалитети зборуваше неговиот поранешен соиграч од редовите на Тотенхем, Рафаел Ван Дер Варт кој шеговито истакна дека Модриќ е најдобар само затоа што играл со него.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кога некој ќе ме праша за Модриќ им кажувам дека станаа најдобри затоа што играа со мене“, се пошегува Ван Дер Варт во интервјуто за „Football.ua“.

„Искрено, тогаш не можев да почуствувам дека тие двајца ќе станат најголеми ѕвезди на Реал Мадрид, но тоа не ме зачудува. Забележав дека се работи за фудбалери од светска класа. Беа тоа и тогаш, а потоа направија дополнителен напредок и сега и двајцата се помеѓу најдобрите петмина во светот“, изјави помеѓу другото Ван Дер Варт во големото интервју.

Освен за Тотенхем овој фудбалер настапуваше и за Реал Мадрид, Ајакс, ХСВ, Мидилјанд, а денес е член на дански Есбјерг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…