Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Треба да напаѓаме на „Етихад“

Ван Дајк: Треба да напаѓаме на „Етихад“

Најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот, Вирџил ван Дајк го советува тренерот Јирген Клоп да не го чува резултатот на „Етихад“ против Манчестер Сити, туку да нападне.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нападот ќе биде најдобрата форма на одбрана за Ливерпул во претстојниот реванш против Манчестер Сити од четвртфиналето во Лигата на шампиони“, изјави Ван Дајк.

„Треба да мислиме дека резултатот е 0:0, а не 3:0 во наша полза. Ние сме должни да продолжиме да размислуваме како да го освоиме натпреварот, иако тоа е малку чудно при резултатот од првата средба. Подобро ќе биде да напаѓаме, а не да се браниме. Знаеме дека сме силни во одбрана и сме компактни, но треба и да напаѓаме. Имаме обврска да пробаме да ја зголемиме нашата предност, а не да ја браниме оваа што ја имаме“, заклучи Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Олисе го урна рекордот на Пеле стар 56 години

Репрезентативецот на Франција, Мајкл Олисе, постави нов светски рекорд за бројот на асисте…