Дома Фудбал Англија Ван Дајк побара трансфер: Значи ли тоа дека Англија добива нов рекорд?!

Ван Дајк побара трансфер: Значи ли тоа дека Англија добива нов рекорд?!

Вирџил Ван Дајк на управата на Саутемптон денес го предаде официјалното барање за трансфер.

Во изјава која ја достави до медиумите со посредување на менаџерската агенција која го застапува, Холанѓанецот потврди дека сака да го напушти тимот од југот на Англија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За жал немам друг избор откако клубот ме извести дека ќе покрене дисциплинска постапка против мене и ќе ми ја одзеде двонеделната плата. Мислам дека тоа е исклучително нефер кон мене, дека се работи за неправедна казна и дека таа одлука е производ на нивната немоќ да се договорат со мене“, истакна Ван Дајк.

Холандскиот стопер се надева на брза разделба со со англискиот состав.

„Во изминатите 6 месеци имав многу разговори и преговори со претставници на управата на Саутемптон, со некогашниот менаџер Пуел, но и мовиот тренер Пелегрини и сите ги известив дека сакам да го напуштам клубот бидејќи ми треба нов предизвик. Амбициозен сум да постигнам што повеќе во кариерата и да го искористам својот потенцијал. Сакам повторно да играм во ЛШ, да се борам за титули и трофеи и затоа барам од Саутемптон да ги разгледа сите понуди од големите клубови за мене, доколку се уште постојат“, заклучи Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…