Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луј ван Гал тврди дека тимот предводен од Жозе Мурињо игра премногу дефанзивно.
Холандскиот стратег кој после епизодата со „црвените ѓаволи“ ја заврши тренерската кариера го критикуваше „Специјалниот“ и истакна дека медиумите не ја прикажуваат вистинската слика.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Ако ме прашате како беше во Јунајтед, ќе ви кажам дека тоа ми беше најдобрата година, имајќи предвид во какви услови работев. Игравме прилично добар фудбал, но тоа не беше фудбал што се цени во Англија. Сега кога ги гледам Јунајтед, морам да заклучам дека Мурињо не добива критики, иако неговиот фудбал е многу подосаден“, рече Ван Гал.
Јунајтед загуби во градското дерби со 2:1, а Ван Гал смета дека „црвените ѓаволи“ немале никакви шанси.
„Повеќе би сакал да ги гледам Сити отколку Јунајтед. Ви треба квалитет во тимот и јасно е дека Сити има подобра екипа. Јунајтед сега игра дефанзивно, а јас секогаш играв офанзивно. Доказ за тоа е дека противниците секогаш играа дефанзивно. Сега не го прават тоа бидејќи Мурињо игра премногу дефанзивно“, заклучи Холанѓанецот.