Дома Фудбал Останато Ван Бастен: Јас сум 18 пати подобар од Вернер

Ван Бастен: Јас сум 18 пати подобар од Вернер

Легендарниот напаѓач, Марко ван Бастен, нема позитивно мислење за квалитетите на напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Вернер минатото лето пристигна во Челзи како големо засилување, но не ги оправда очекувањата, напротив, стана мета за потсмев поради неговите големи промашувања.

Еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња смета дека германскиот репрезентативец не е на ниво да игра за европски гигант.

„Дури мислам дека и квалитетите му се скромни. Бев најмалку 18 пати подобар од него. Тој не може да биде голгетер од светска класа и не треба да игра за голем клуб“, порачал Ван Бастен.

Марко ван Бастен во својата кариера настапуваше за Ајакс и за Милан, и три пати ја освои „Златната топка“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…