Марко Ван Бастен е поранешна ѕвезда на Ајакс и Милан, а во еден период беше и селектор на Холандија, сега тој ги критикуваше екипите кои играат како Атлетико Мадрид, но и испрати порака да се укине офсајдот.
Диего Симеоне и Атлетико Мадрид добиваат голем број критики од јавноста после поставеноста во натпреварот против Манчестер Сити кога „јорганџиите“ играа со формација 5-5-0.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Кога еден тим игра со таква поставеност претешко е да дадете гол. Таквиот фудбал воопшто не е убав за гледање. Попрво би гледал филм, отколку таков фудбал, верувам дека така размислува и најголем дел од публиката. ФИФА мора да го разгледа ов ој проблем, фудбалот со такви екипи не е интересен. Да, дека секој може да постави тактика како што сака и како што мисли дека му одговара, меѓутоа навивачите не сакаат да го гледаат – што би било ако сите играат вака? Можеби треба офсајдот да се укине…“, порача Ван Бастен.
Ван Бастен и претходно додека беше дел од ФИФА неколку пати изјавуваше дека офсајдот според него е подобро да го нема, но јасно е дека во блиска иднина за такво нешто нема да се разговара.