Дома Фудбал Англија Ван Бастен го предупреди Тен Хаг: Ситуацијата може да стане опасна

Ван Бастен го предупреди Тен Хаг: Ситуацијата може да стане опасна

Марко Ван Бастен го советуваше својот сонародник Ерик Тен Хаг, да не претерува во ангажман на холандски фудбалери во Манчестер Јунајтед.

Манчестер јунајтед сака да го донесе Ваут Вегхорст на заем до крајот на сезоната, а Ван Бастен изрази сомнеж во неговите квалитети.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Се сомневам во него. Видете го Лук де Јонг. Тој е играч што игра многу добро во воздухот. Мислам дека Вегхорст не е толку силен во воздушните дуели. Тој може да постигне гол со главата, но само со волја и ентузијазам“.

„Мислам дека кога има премногу Холанѓани во тимот, тогаш може да се создаде опасна ситуација. Тоа го видовме и во Барселона, кога таму се собраа пет холандски играчи и тоа не му помогна на тимот. Тен Хаг треба да биде внимателен со овој факт“, рече Ван Бастен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фотографија која го обележа финалето во Лигата на Европа 📸

Вчера во финалето од Лигата на Европа Аталанта го победи Баер Леверкузен за кого ова беше …