Дома Фудбал Останато Ван Бастен ги критикуваше УЕФА: Сакаме да гледаме фудбал, а не танцувачи и пејачи!

Ван Бастен ги критикуваше УЕФА: Сакаме да гледаме фудбал, а не танцувачи и пејачи!

Последното финале во Лигата на шампионите ќе остане запаметено поради одложувањето од скоро 40 минути поради хаосот со навивачите пред стадионот.

И во една таква ситуација нервозата кај присутните растеше затоа што после хаосот се чекаше да заврши и музичката изведба. Ваквата ситуација отворено ја коментираше легендарниот Марко Ван Бастен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ван Бастен ја критикуваше одлуката да се носат пејачи и танцувачи на вакви настани за како што вели тој само да се прават пари.

„Ние сме тука да гледаме фудбал, но принудени сме да гледаме како некој пее и танцува. УЕФА и ФИФА сакаат да прават пари од фудбалските натпревари. Тргнете ги ваквите работи што подалеку од нас, ние сакаме фудбал“, изјави Ван Бастен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…