Ване Милков повеќе не е тренер на ФК Беласица.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Милков од тренерската функција си поднел оставка веднаш по натпреварот против Пелистер. Сепак, тој ќе остане во клубот и ќе продолжи да работи како технички директор.
„Шефот на стручниот штаб Милков Ване си поднесе неотповиклива оставка веднаш по натпреварот со ФК Пелистер.Милков останува во клубот со нова функција, технички директор.На утрешниот куп натпревар против ФК Росоман, екипата ќе ја предводи асистентот Василев Александар. Во наредниот период ќе биде претставен новиот предводник на нашата екипа“, стои во соопштението објавено од Беласица.