Ванда Нара повторно ги нападна критичарите за да застане во одбрана на својот сопруг и клиент, Мауро Икарди на кого навивачите на Интер се уште не му го простиле трансферот во ПСЖ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот напаѓач на Интер беше критикуван во познатата италијанска тв емисија „Тики-така“. Икарди го критикуваше еден навивач на Интер, Џиакомо Валенти.
„Конечно имаме вистинска деветка, човек кој постигнува голови и кој е лидер на теребот“, изјави Валенти и така освен што го пофали Лукаку, испрати и провокација до Икарди. Набрзо потоа се јави Ванда и застана во одбрана на Мауро.
„Би било убаво да се види Лукаку во важните натпревари, во Лигата на шампионите не постигна гол, а нокаут фазата ќе ја гледате на телевизија. Минатата деветка на Интер постигна 150 голови“, гласеше одговорот на Ванда.