Дома Македонски спорт Мак ракомет Валчак: Не размислував кога дојде понудата од Вардар, тоа е тим со големи играчи

Валчак: Не размислував кога дојде понудата од Вардар, тоа е тим со големи играчи

Патрик Валчак ќе биде новиот пикер на Вардар, а воедно и првиот полски ракометар кој ќе игра за некој македонски клуб.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Валчак доаѓањето во Вардар го потврди за полските медиуми и порача дека не размислувал многу по добивањето на понудата.

„Кога дојде понудата од Вардар не размислував многу. Вардар е клуб кој игра во ЛШ, а тоа со новиот формат е навистина тешка, се натпреваруваат и во СЕХА. Во клубот играат големи играчи како Марко Вујин и Тимур Дибиров очекувам добро искуство. За парите не се грижам, добив гаранција се ќе биде во ред“, изјави Валчак.

Наредната сезона Валчак во Вардар ќе ја дели минутажата со Стојанче Стоилов и Глеб Калараш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го победи Монпелје, но се прости од Европа!

И покрај моментите во кои делуваше дека чудото е достижно, РК Вардар не успеа да ја анулир…