Дома Македонски спорт Мак ракомет Валтер пред Архус: Бевме екстремно лоши против Пролет

Валтер пред Архус: Бевме екстремно лоши против Пролет

Еурофарм Пелистер зад себе има лош натпревар во домашното првенство против Пролет.

„Пелистерци“ едвај го победија Пролет во Суперлигата, а утре ги чека тежок испит против дански Архус. Тренерот Ларс Валтер е свесен каков противник го очекува неговиот тим.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Ако го гледавте натпреварот против Пролет, не сме баш спремни за Европа, затоа што игравме екстремно лошо. По десет дена без шест репрезентативци малку нарушен ни е ритамот, па затоа работиме денес и утре да се поправиме. Веќе денес тоа изгледа подобро и наша цел во вторник е победа.

Видов многу натпревари на Архус оваа сезона. Не знам дали имаат проблеми, затоа што загубија многу натпревари со еден-два разлика. Во Данска секој од шеснаесетте екипи во Првата лига може секого да победи. Можеби имаат премалку бодови, но тие се добра екипа. Играа многу брзо и мора да бидеме подготвени.

Кога нашите навивачи се тука и ќе ја исполнат оваа сала тие се секогаш во форма и можеме да научиме нешто од нив. Извонредно е тука и едвај чекам да ја почувствувам таа атмосфера“, изјави Валтер.

Натпреварот против Архус се игра утре во 20:45 часот во салата „Боро Чурлевски“.

Фото: Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Висла

Oд редовите на Еурофарм Пелистер објавија дека од денеска стартува продажбата на билети за…