Дома Македонски спорт Мак ракомет Валтер: Веспрем е голем предизвик, треба да одиме таму и да уживаме!

Валтер: Веспрем е голем предизвик, треба да одиме таму и да уживаме!

Eкипата на Еурофарм Пелистер се подготвува за завршниот турнир во СЕХА лигата кој се игра претстојниот викенд во Задар, Хрватска.

Битолскиот состав во драматичен натпревар беше подобар од Мешков Брест во четвртфиналето. Валтер пред мечот против  Веспрем порачува дека неговата екипа треба да игра без притисок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Беше фантастично против Мешков Брест. Фановите ја завршија својата работа и беше многу важно за нас да имаме таква поддршка. За мене посебно беше емотивно, бидејќи бев во многу клубови во Европа, но вакво нешто не сум видел досега. Беше задоволство, беше фантастично“

Првичната цел на пелистерци беше Ф4, но сега за нив ова е нов предизвик.

Наша цел беше да стигнеме на „фајнал-фор“ на СЕХА лигата и сега имаме голем предизвик во името на Веспрем, еден од најдобрите светки клубови. Треба да одиме таму и да уживаме, да играме слободно. Тука ја гледам нашата шанса.

„Од недела во недела учиме и учиме заедно. Тоа е она што треба да го правиме во следните месеци и мислам дека околу Божиќ ќе го видиме вистинскиот лик. Се надевам дека нема да направиме многу грешки по пат и цел ни е секој натпревар да биде што е можно подобар“, изјави Валтер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

„Бомба“: Леао за 120 милиони во Премиер лигата

Манчестер Сити е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао, пренесуваа…