Екипата на Валенсија ќе поднесе жалба на казната од Шпанската фудбалска федерација за затварање на трибината „Марио Кемпес“ за следните пет натпревари.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ваква одлука федерацијата донесе по навредите кон Винисиус Жуниор на расна основа во натпреварот против Реал Мадрид изминатиот викенд.
Од Валенсија се убедени дека оваа казна не е праведна.
„Валенсија го осудува расизмот како и секогаш претходно и со сите сили се бориме против таа појава. Од таа причина сметаме дека казнувањето на сите навивачи кои не беа вклучени во инцидентот не непромислено и неоправдана мерка без преседан против која ќе поднесеме жалба“, стои во соопштението.
Исто така Валенсија беше казнета и со парична казна во износ од 45.000 евра, а тоа најголемата санкција за расизам во шпанскиот фудбал.