Валенсија и Челзи вечерва ги поделија бодовите во 5. Коло од Лигата на шампионите одигрувајќи 2:2.
На „Местаља“ гледавме одличен натпревар во кој беа постигнати четири гола, а можеа да постигнат барем уште толку.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Валенсија тргна жестоко и беа далеку подобар противник во првото поувреме во кое создадоа неколку големи шанси. Најголемата ја пропушти Макси Гомез кој на три или четири метри од голот промаши цела топка.
После неколку пропуштени прилики домаќините стигнаа до водство. Се играше 40. минута кога Солер го отвори резултатот. Само една минута подоцна Ковачиќ изедначи на 1:1. Ова за Ковачиќ беше прв гол после 122 клупски натпревари.
Во 50. минута Кристијан Пулишиќ се израдува на погодок после прегледувањето на ВАР за 1:2.
Валенсија и покрај тоа што создаваше шанси изедначи дури во 82. Минута преку Даниел Вас. Во последните минути од натпреварот Родриго имаше добра прилика, меѓутоа не реагираше најдобро и остана 2:2.
Во вториот натпревар од истиот термин Зенит го победи Лион со 2:0.