Дома Фудбал Лига на шампиони Валенсија доаѓа како „кец на десетка“: Овој клуб и тоа како „му лежи“ на Роналдо!

Валенсија доаѓа како „кец на десетка“: Овој клуб и тоа како „му лежи“ на Роналдо!

ronaldo

Кристиано Роналдо вечерва со тимот на Јувентус се враќа во Шпанија каде што во рамките од Лигата на шампионите ќе и гостуваат на Валенсија.

Португалецот до ова лето го носеше дресот на Реал Мадрид, а со „Месталја“ го врзуваат убави сеќавања. Роналдо ќе се обиде да ја продолжи голгетерска серија која ја започна минатиот викенд против Сасуоло кога постигна два погодоци.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Токму Валенсија е една од најдобрите прилики за поранешниот ас на Реал Мадрид, овој тим е една од омилените жртви на Португалецот.

Роналдо во својата кариера против Валенсија настапил на 18 натпревари и постигнал дури 15 погодоци.

Ќе потсетиме, головите против Сасуоло беа првите во дресот на Роналдо за Јувентус на еден официјален натпревар, па токму затоа Валеснија и неговото омилено натпреварување (Лигата на шампионите) доаѓаат во вистинско време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…