Дома Фудбал Лига на шампиони Валенсија вечерва и да победи и да изгуби овој човек секако ќе биде во добивка

Валенсија вечерва и да победи и да изгуби овој човек секако ќе биде во добивка

Сопственикот на Валенсија Питер Лим иако го врати клубот во Лигата на шампионите не е баш омилена личност на „Месталја“.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, тој вложи пари во клубот, се започна со оној неуспешен обид со Невил, подоцна под влијание на Мендеш го доведе Нуно Еспирито Санто кој денес е во Вулверхемптон, оваа сезона клубот е предводен од Марселињо.

Милионерот од Сингапур своевремено сакаше да го купи Ливерпул, беше поврзуван и со Јунајтед и генерацијата „92“, а има врски и со Кристиано Роналдо што го става во чудна позиција пред вечерашниот натпревар кога Јувентус гостува во Шпанија.

Ако Валенсија изненади и слави вечерва против „старата дама“ ќе се радува на бодовите, но ќе биде добро и за односот со навивачите, но ако победи Јувентус, Лим ќе продолжи да заработува на сметка на Роналдо.

Теоретски ова е конфликт на интереси. Роналдо и Лим се деловни партнери, бизнисменот од Сингапур има маркетиншки права на Кристиано во Азија и потпиша договор со фудбалерот во 2015 и тоа на шест години.

Покрај тоа тие се одлични пријатели, денешните медиуми во Шпанија пишуваат и дека навивачите на Валенсија се лути поради тоа што Лим никогаш не доаѓа на натпреварите, а се појави на презентацијата на Роналдо во Торино.

Исто така последниот натпревар кој го гледаше е натпреварот помеѓу Јувентус и Лацио во Торино каде што повторно беше гостин на Роналдо, потоа преку Лондон и Барселона замина во Париз и го купи Гуедеш од ПСЖ.

Значи, вечерва Лим може само да добие!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Драма во Штип: Управата на Шкендија Арачиново влета на терен (ВИДЕО)

По досудениот пенал за Брегалница во 66. минута еруптираше незадоволството кај Шкендија Ар…