Дома Фудбал Лига на шампиони Валверде немаше дилеми кој бил најважниот играч на Барса во трите натпревари од ЛШ

Валверде немаше дилеми кој бил најважниот играч на Барса во трите натпревари од ЛШ

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде се појави пред медиумите после победата на неговиот тим над Славија на гостувањето во Прага во Лигата на шампионите.

Барселона славеше со 2:1 против Славија на гостувањето во чешката престолнина, но не оствари импресивен учинок.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Валверде немаше дилеми кој бил според него играчот на натпреварот.

Тер Штеген беше нашиот клучен човек во досегашните три натпревари во Лигата на шампионите. Славија играше токму онака како што очекувавме. Кога и да ја изгубевме топката на средината тие тргнуваа во напад со повеќе играчи. До крајот на натпреварот не се плашеа и ризикуваа со такви истрчувања“.

„Мораме да научиме како подобро да контролираме натпревар како овој. Имавме неколку шанси кои требаше да ги искористиме. Ни недостасуваше ладнокрвност за да го решиме натпреварот“, заклучи тренерот на Каталонците.

Следниот натпревар на Барселона е во Ла Лига против Ваљадолид на домашен терен, додека во четвртото коло од групната фаза на петти ноември на „Ноу Камп“ гостува Славија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Падна рекордот на Малдини и Албертини: Родри е нов рекордер

Манчестер Сити ја затвори сезоната со победа против Вест Хем од 3:1, а тоа за овој тим зна…