Фудбалерите на Барселона со победата над Челзи се изборија за пласман во ¼ финалето од Лигата на шампионите.
Тренерот на Каталонците, Ернесто Валверде изјави дека вчерашниот реванш против „сините“ бил најтешкиот натпревар за неговиот тим оваа сезона, а одговори и на прашањето кого би сакал да види во следната фаза.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одигравме навистина одлично, ја чувавме топката, но и гостите беа опасни, па моравме да бидеме внимателни до самиот крај. Овој натпревар за нас беше најтежок во сезоната.“
„Кого сакам во ¼ финалето? Во овој момент навистина не знам…Не размислувам на тоа“, изјави Валверде.
Валверде не сакаше ниту да го коментира настапот на Меси, кој постигна два погодоци и запиша една асистенција.
„Нема потреба да се трошат зборува. Вистински луксуз е да имаш играч како него во тимот. Посебно добар беше и Дембеле, одигра голема улога во овој натпревар. Постигна гол и беше одличен во одбраната“, заврши Валверде.
Ждребот за ¼ финалето на распоредот е веќе утре, а првите натпревари се играат на 3 и 10 април.