Дома Фудбал Валверде заминува: Ова е списокот на можни наследници

Валверде заминува: Ова е списокот на можни наследници

Барселона по втор пат во последните две години доживува слична елиминација од Лигата на шампиони.

Шпанските медиуми се сигурни дека сметката за тоа ќе ја плати тренерот Валверде, кој ќе биде сменет на крајот на сезоната.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Раководството веќе размислува за промена, а во моментов има пет кандидати како можни наследници на Валверде.

Прв е Чави, кој најави повлекување и започнување на тренерска работа, но проблем е што легендата нема воопшто искуство.

Филип Коку, холандскиот стратег кој го напушти Фенербахче на почетокот на сезоната, исто така се наоѓа на листата желби на раководството поради стилот на игра кој го негува.

Тиери Анри, уште еден поранешен играч на Барса исто така е на списокот, но шансите за него се најмали со оглед на лошото искуство во Монако.

Маселињо е човек кој со успех предводеше неколку тимови во Шпанија, па неговиот стил му се допаѓа на раководството на Каталонците.

Лоран Блан е последното име на списокот, тренер со најголемо искуство, а го познава клубот бидејќи е поранешен фудбалер на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…