Дома Фудбал Валверде е незадоволен, но не и загрижен!

Валверде е незадоволен, но не и загрижен!

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде не е загрижен после ремито со Валенсија 1:1 на „Местаља“ синоќа.

Иако ова е четврт натпревар по ред во кој Барселона не успева да победи, Валверде е задоволен од начинот на кој реагирал неговиот тим после примениот гол.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тешко е кога играте против екипи кои главно се бранат. Освен тоа, примивме брз гол по само две минути и тоа уште повеќе ни ја усложни работа. Мораме да се бориме против осцилациите кои се јавуваат во нашата игра. Домаќините поведоа и се повлекоа чекајќи наши грешки. Очекувам дека на следните натпревари да влеземе во ритам и да бидеме стабилни во текот на целиот меч“, изјави Валверде.

„Не сум загрижен поради серијата слаби резултати. Првенството оваа сезона е многу израмнето и ние треба да продолжиме по нашиот пат. Ова е почеток на сезона и ние сме во трка за сите трофеи“, додаде стратегот на Каталонците.

Шпанскиот шампион по ремито со Валенсија падна на второто место во Ла Лига. Води Севиља со 16 бода, Барселона и Ателтико Мадрид имаат по 15.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн и Дортмунд го сакаат хит-напаѓачот на Европа. Можат да го добијат за само 17,5 милиони евра

Баерн и Борусија Дортмунд се заинтересирани да го доведат Серху Гираси (28), објави Билд. …