Тренерот на Барселона сметка дека црвениот картон на Френки де Јонг е главната причина што неговиот тим не успеа да ги освои трите бода во градското дерби против Еспањол.
Холандскиот играч за врска беше исклучен од игра по вториот жолт картон во 74-та минута, оставајќи ја Барса со еден играч помалку на теренот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Еспањол ја искористи бројчаната предност на теренот и го изедначи резултатот на 2:2 во 88-та минута, преку Ву Леи.
„Црвениот картон на Де Јонг не ченеше победа. Имавме три шанси да го затвориме мечот, но не погододивме. И како што се случува секогаш од првата прилика во продолжението примивме погодок и натпреварот заврши нерешено. Кога ќе примите погодок во завршната фаза од мечот имате чувство дека сте загубиле два бодови, а не дека сте освоиле еден бод“, изјави Валверде.