Дома Останати Кошарка Вакво „чудо“ кошарката не памети: 17-годишно девојче високо 220 доминира на Азиското првенство 🎥

Вакво „чудо“ кошарката не памети: 17-годишно девојче високо 220 доминира на Азиското првенство 🎥

Кинеската кошаркарка Џанг Зију е, без никакво сомневање, иднината на светската кошарка. Неодамна таа наполни 17 години, а она што го прави во моментов на Азиското првенство за кошаркари до 18 години не е видено во играта под обрачите.

Кина е домаќин на Азискиот куп во кошарка до 18 години и е првиот фаворит за освојување на титулата единствено благодарение на Џанг Зију, девојка со неверојатни 220 сантиметри.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Џанг е апсолутно доминантна на паркетот и изразот „игра со деца“ излгеда како сосема точен кога таа е на теренот со кошаркарите на најезина возраст.

Кога таа е под кошот ниту пет противнички кошаркарки не можат да дојдат до топката.

Во првото коло Џанг која ја споредуваат со легендарниот Јао Минг одигра само 13 минути во победата против Индонезија 109:50 и запиша 19 поени без промашување од поле (9/9), седум скока, три блокади, две украдени топки и две асистенции.

Против Нов Зеланд во второто коло во победата од 90:68 постигна 36 поени (16/20 шут од поле) со 13 скока и четири блокади, а во третото коло постави азиски рекорд.

Кина ја совлада Јапонија со 97:81, а Џанг го заврши мечот со неверојатни 44 поени (20/22 од поле) и со тоа постави нов рекорд во натпреварувањето. Таа забележа и 14 скока и пет асистенции, а Кина сега ја чека полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Брони Џејмс знаел да игра кошарка: Синот на Леброн блесна и ги замолче критичарите (Видео)

Ова лето НБА драфтот најмногу беше запаметен по Брони Џејмс, кој беше избран како 55-ти пи…