Дома Фудбал Лига на шампиони Вакво нешто ретко се случува: И во Мадрид не се едногласни за поништениот погодок на Ајакс (ВИДЕО)

Вакво нешто ретко се случува: И во Мадрид не се едногласни за поништениот погодок на Ајакс (ВИДЕО)

Голема дискусија во фудбалската јавност предизвика вчерашниот поништен погодок на Ајакс против Реал Мадрид.

Погодокот на Николас Таљафико не го крена само Амстердам на нозе туку и цела Европа. Сите зборуваат за поништениот гол на аргентинскиот лев бек. Она што е интересно дури и мадритските медиуми кои се наклонети на „кралевите“ се поделени.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


https://youtu.be/ZJ-ddf2pFsE

„ВАР во ЛШ: во 38. минута од натпреварот помеѓу Ајакс и Реал Мадрид, голот на Николас Таљафико со глава беше поништен по прегледување на снимките со ВАР. Судијата процени дека соиграчот на Таљафико, Душан Тадиќ е во офсајд позиција и му пречи на голманот, со што го оневозможува да игра или да биде во можност да игра со топката во моментот кога Таљафико со глава ја удира топката. Ова е во рамките на протоколот на ВАР и голот коректно беше поништен и беше досуден офсајд“, гласеше објаснувањето на УЕФА.

Во текот на натпреварот „Марка“ со консултираше со редовниот стручен консултант, Андухар Оливера кој смета дека Скомина погрешил.

„Колку повеќе ја гледам снимката се повеќе ми изгледа дека тој погодок требаше да биде признат. ВАР укажува на тоа дека Тадиќ се наоѓал во офсајд, меѓутоа поради тоа што не можеше да се тргне од местото на кое се наоѓаше. Посебно што не го удри Куртоа и не влијаеше на играта, сигурен сум дека Ајакс требаше да поведе“, изјави Оливер.

Од друга страна страна конкурентскиот „АС“ на помош го повика Итуарде Гонзалез кој има поинаков став.

„Станува збор за офсајд, бидејќи Тадиќ му пречеше на Куртоа. Куртоа поради неговата позиција не можеше да стигне до топката и тоа е причината поради која ВАР мораше да реагира“, смета поранешниот судија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…