Пред неколку дена во шведската лига натпревар играа второпласираниот Даферфорс и домаќинот Остер, средба која на крајот заврши без победник 1:1.
Овој натпревар сигурно немаше да привлече внимание, доколку не се случеше еден детал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за измената во 82-та минута кога од игра излегуваше Аксел Линдахал, а на негово место влегуваше Матиас Озгун.
Кога Линдахал го напушташе теренот стандардно се поздрави со својот соиграч, но тогаш додека си даваа „петка“ Линдахал ја промаши неговата рака и го погоди Озгун во окот. Така на Озгун мораше да му биде укажана лекерска помош само неколку секунди откако се појави на теренот.
Not the kind of 'impact sub' he was hoping to be. ? pic.twitter.com/YiSfSKl6UI
— BBC Sport (@BBCSport) April 18, 2019