Aрсенал во 15. коло од Премиер лигата изгуби од Брајтон со 2:1 и тоа беше деветти натпревар во низа без победа во сите натпреварувања.
Ниту отказот на Емери не донесе нешто добро, а колку Арсенал игра лошо зборува следниот податок. За Арсенал ова е втора најдолга низа без победа во историјата на клубот. Најдолгата низа им се случи во далечната 1977 година кога „топџиите“ не победија на 10 натпревари во низа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во следните два натпревари во Премиер лигата Арсенал игра против Вест Хем во градското дерби, а потоа го дочекува Манчестер Сити. Рекордот сепак не би требало да го срушат бидејќи измеѓу тие два натпревари гостуваат кај белгиски Стандард во Лигата на Европа во натпревар во кој се фаворити.
„На полувреме во соблекувалната си кажавме дека ова не е Арсенал. Мораме да работиме на враќањето на самодовербата. Тоа е грижа за секој тренер“, изјави Љунберг после натпреварот.